За нас
ЕКО ЦИРКОН
Компанијата ЕКО ЦИРКОН е регистрирана во 1997 година со основна дејност откуп и преработка на секундарни суровини (железо, алуминиум, бакар, олово, бронза, месинг, и други) од технолошки и индустриски отпад, како и ископ со тешка механизација. Компанијата е основана со личен приватен влог и основни средства во сопственост на оснивачите.
Во првиоте години од своето работење, целокупноте приходи се реинвестирани во развојот на компанијата, во подобрување и опремување. Бројот на вработени во ЕКО ЦИРКОН, континуирано се зголемува поради работните побарувања, обемот на активности како и постојаното тежнеење за повисок квалитет на услуги.
ЕКО ЦИРКОН откупува суровини од сите индустриско технолошки капацитети во Република Северна Македонија, како и од физички и приватни лица. По откупот, материјалите се подложени на селектирање и сепарација, по што следи нивно пресување, пакување и испорака до индустриските капацитети во Северна Македонија и странство, пропратено со сите активности и документација за транспорт и извоз.
Нашата компанија работи водена од строги технички критериуми и услови, овозможувајки максимална заштита и висококвалитетни услови за работа на своите вработени.
Компанијата поседува тешка градежна механизација како и обучен способен кадар подготвен да одговори на сите барања за ископ и конструкциски работи.
Во оваа прилика, би сакале да им се заблагодариме на сите партнери и соработници кој директно или индиректно овозможија ЕКО ЦИРКОН да се вброи меѓу 200-те најуспешни компании во Република Северна Македонија.